Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за убиство на 62-годишниот жител на Богомила.
-Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал, велат од ОЈО Велес.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.