Во исчекување ќе не биде ли за ЕУ, мижиме пред злоделата што ни се случуваат пред нос. Без срам!, велат од О2 иницијативата за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.
-Колку илјадници новозаболени од канцер се потребни да разберете дека секое ваше замижување врз геноцидот на сопствениот народ не може да го покрие и најскапиот ПР. Говори исполнети со достигнувања како канти за ѓубре, засадени дрвја, субвенции, а 100кратно зголемените штети ги премолчувате. Извинете господа ама одамна “Царот е гол”, колку побрзо сфатите, толку подобро за вас, стои на нивната Фејсбук страница.