02 Иницјативата која се бори за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина, објави колку бил загаден јануари низ годиниве наназад.
Податоците се од државниот мониторинг систем.
„Заклучок? Далеку позагадени сме сега отколку во 2010, 2012, 2013 година.
Ова ако споредиме како што споредува Град Скопје и Влада, без да се земе предвид ветерот, маглата, дождот, снегот, блокираното струење на воздухот поради новите градби, кои индустрии работеле, кои не, итн.
Како и да е, поразително е да имате помало загадување пред 7-9 години, после сите филтри, А и Б еколошки дозволи, гасифицирања, засилени инспекции.
План за чист воздух? Па со вакви податоци и планирани мерки за 2019, минатото е светлата иднина, велат од О2 иницијативата“-велат од Иницијативата.