Објавена листата на највлијателните личности во 2021-ва според Bloomberg

Новинската агенција Bloomberg, којашто првенствено известува за новостите од финансиите, во средата на својата веб-странциа ја објави листата до 50 личности од различни индустрии, чиишто заслуги според нејзините процени „заслужуваат признание“ во 2021 година, како и за феномените кои влијаеле врз светот во годината која изминува.

Во листата којашто ја составила агенцијата вклучува претставници од светот на бизнисот, забавата, финансиите, политиката, науката и технологија. На пример, извршниот директор на автомобилскиот гигант „Ford“, Џим Фарли, претседателот и извршниот директор на каналот „Discovery“, Дејвид Заслав, и извршниот директор на фармацевтската компанија „Pfizer“, Алберт Бурла, се меѓу личностите во категоријата „бизнис“.

Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот и челник на американската корпорација „Amazon“, Џеф Безос, која по разводот стана една од најбогатите лица на планетата, влезе во категоријата „финансии“. Вброен е и феноменот Meme Stock или „меме-акции“, односно акциите кои пораснаа не поради доброто функционирање на компанија, туку поради активноситѕе на социјалните мрежи и форумите.

Агенцијата, исто така, ги вбројува и рускиот опозициски блогер Алексеј Навални наводно отруен со нервен боев отров кој во моментов извршува затворска казна, опозициски тајкун од Хонгконг, Џими Лаи уапсен кон крајот на 2020 година. Во истата катергорија е сместен  полицаецот од Капитол кој се соочи со приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кои упаднаа во зградата на американскиот конгрес на 6-ти јануари.

Мими Онг, научниот директор на проектот „Ingeniuity“ на американската вселенска агенција NASA кој го создадде првиот марсовски хеликоптер, е вброена на категоријата „наука и технологија“. Во истата категорија е сместена и поранешната вработена во американската информатичка корорација „Facebook“ (Meta), Френсис Хауген која јавно објавуваше материјали за контроверзни активности на компанијата.

Во категоријата „забава“, меѓу другите е вброен американскиот уметник Мајк Винкелман, чиешто целосно дигитално дело беше продадено на наддавање во Лондон за 69,3 милиони долари. Му се придружува и американската пејачка Бритни Спирс којашто по долга правна борба успеа да го отстрани 13 годишното старателство од нејзиниот татко.

Агенцијата наведува дополнително и повеќе личности кои веќе биле на нејзината листа претходните години, па затоа не можат повторно да влезат во „топ 50“. Меѓу нив е и креаторот на криптовалутата Ethereum, Виталик Бутерин, кој влезе во виртуалената куќа на славните на Forbes.