Објавена платформата за онлајн настава

Од октомври вака ќе изгледа еден наставен онлајн час., објаснија  Премиерот Заев и министерката Царовска објаснувајќи ја  платформата за онлајн настава. Учениците преку компјутер или телефон ќе можат да ја гледаат училницата и наставникот и ќе можат да ги користат сите аудио материјали и видеа поставени на платформата. Ќе има брзи квизови, тестови и други иновативни содржини.

Царовска изрази убеденост дека ќе обезбеди добра рамнотежа меѓу понудата на добро образование и заштитата на јавното здравје.

Обуките за употреба на првото ниво на онлајн настава вклучува 30 тренери. Во второто ниво се 1600 наставници назначени за училишни тренери и тие ќе треба да ги обучуваат сите наставници на индивидуално училишно ниво. Инаку националната платформа за онлајн настава ја создаде МОН заедно со факултетот за информатичко инженерство и компјутерска технологија.