17:2 e резултатот од неофицијалната верзија на протоколот кој попладнево го доби редакцијата на мкд.мк17 обврски презема Македонија, 2 обврски презема Бугарија и тоа само во однос на споделување на искуства и отвореност на нивните архиви. Другите обврски од протоколот се однесуваат на двете страни. Еве на што би се согласила Македонија доколку го потпише и овој документ од пакетот документи од францускиот предлог за решавање на проблемот со ветото на Бугарија и почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
Откако во јавноста се прошири бугарска верзија од протоколот, веднаш реагираше МНР. Од Министерството за надворешни работи велат дека оваа верзија на протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, е стара и неконечна.
„Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од од бројните сет идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи. Во овој чувствителен момент, сметаме дека пласирањето на овие неточни информации претставува тенденциозен обид да се наруши процесот на широки консултации за францускиот предлог за отстранување на ветото и продолжување на европските интеграции на земјава, кој во моментов е во финална фаза во Собранието на Република Северна Македонија.
Целиот текст прочитајте го на мкд.мк