Причината за смртта на НБА легендата Коби Брајант и неговата ќерка Џиана е потврдена од страна на полицијата на ЛА Каунти.
Иконата на Лејкерс, Брајант (41), и неговата 13-годишна ќерка со уште седум луѓе, трагично загинаа на 26-ти јануари кога хеликоптерот во кој патуваа се сруши во предградието на Лос Анџелес.
Од полицијата официјално објавиле дека сите девет жртви настрадале како последица на “тешки трауми“ (“blaunt trauma”, како што е наведено во нивниот извештај што во превод би значело контузија, тешки скршеници итн.) поради “удар при голема брзина“ како и дека станува збор за “несреќен случај“, пренесуваат од „Mirir“ наведуваат од „Hollywood Life“.
Покрај Коби и Џијана, животот во таа ужасна трагедија го загубија и Џон Алтобели, бејзбол тренер, неговата сопруга Кери, нивната ќерка Алиса и помошниот тренер во клубот на Џон, Кристина Маузер.
Животот го загубија и младите играчи, Пејтон Честер, неговата мајка Сара Честер како и пилотот на хеликоптерот Ара Зобјан.