Обама и Путин разговарале еден час за кризата

Американскиот претседетал Барак Обама го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прифати условите за можно дипломатско решение за кризата во Украина.

Во нивниот втор телефонски разговор во изминатите шест дена кој траел еден час , Обама му рекол на Путин дека влегувањето на Русија во Украина претставува кршење на суверинитетот и територијалниот интегритет на таа држава соопшти Белата куќа, а пренесе Ројтерс.

За време на разговорот Обама ги изнел сите услови за дипломатско решение за кои се заложуваат одфицијалните лица во САД.

Според одредбите на тој договор, Русија би ги повлекла своите војници од базите на Крим, би дозволила меѓународни набљудувачи кои ќе се погрижат правата на етничките Руси да се почитуваат и да се согласат на директни разговори со украинските официјални лица.

„Претседателот Обама нагласи дека постои начин за дипломатско решавање на ситуацијата,“ се наведува во соопштението на Белата куќа.