Американскиот претседател Барак Обама планира оваа година да ги искористи претседателските извршни налози за да истурка важните точки од својата политика, најавуваат неговите соработници.
Таквите најави биле пречекани прилично студено на страна на републиканците, кои на Обама му забележуваа дека на тој начин ги крши основните принципи за распределба на властите во Америка.
Советникот на претседателот на САД, Деф Фајфер, вели дека Обама минатата година морал минатата година да се обрати до Конгресот по повод законите за имиграциона реформа и продолжување со помош на невработените, но дека повеќе нема да биде попустлив кон конгресмените во областите во кои според законот не треба да бара нивна согласност.