Обама: Потрагата по малезискиот авион е врвен приоритет

Претседателот на САД, Барак Обама изјавил дека потрагата по исчезнатиот малезиски патнички авион е врвен приоритет за САД, понудувајќи ги сите можни ресурси за помош при неговата потрага, вклучувајќи ги и ФБИ, пишува „Телеграф“.

Во својот прв прес посветен на мистеријата со летот 370 на „Малезија ерлајнс“, Обама изрази сочувство на роднините на исчезнатите патници.

„Сакам да ве уверам дека за нас тоа е врвен приоритет. Ние го нудиме на располагање секој достапен ресурс во потрагата по авионот. Има и блиска соработка со маезиската Влада“, истакнал Обама.

Според неговите зборови, ФБИ , Националната комисија за безбедност во транспортот и секоја агенција, поврзана со авијацијата и се достапни на истрагата.