САД ги преземаа сите потребни мерки да ја осигурат безбедноста на своите државјани на Зимските олимписки игри во Сочи, објави синоќа Белата куќа.
Американскиот претседател Барак Обама ги собра синоќа членовите на својот тим за национална безбедност во претставништвото и тие го увериле дека ги презеле сите потребни мерки кога станува збор за безбедноста на Американците кои учествуваат или присуствуваат во Игрите, се наведува во соопштението.
Обама од нив побара да соработуваат со руската влада и другите партнери, за Зимските игри во Сочи бидат крунисани со успех, се додава во соопштението на Белата куќа.
Претседателот исто така им порача на своите соработници да ја разгледаат секоја информација која би можела да влијае на Игрите и да дејствуваат на одговарачки начин. Обама, минатиот петок на Си-Ен-Ен изјави дека ЗОИ во Сочи ќе бидат сигурни, но ги посоветува граѓаните кои патуват таму да бидат внимателни бидејќи секогаш постојат ризици.