Обдукцијата покажала дека милијардерот Епштејн се обесил

A

Резултатите од аутопсијата покажаа дека причина за смртта на милијардерот Џефри Епштејн е самоубиство со бесење, изјави портпаролката на канцеларијата на шефот нана одделот за патологија во Њујорк, Аја Ворти-Дејвис.

Додаде дека официјалниот извештај за смртта на Епстајн ќе биде објавен во текот на денот.

Весникот The Washington Post пред два дена објави дека обдукцијата  покажала дека вратот на Епштејн бил скршен на повеќе места.

Епштејн минатата сабота беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Менхетн, каде го чекаше судењето за трговија со луѓе и сексуално злоставување. Во обвинението против Епстајн се наведува дека тој намамил десетина малолетнички во своите луксузни куќи и им плаќал за сексуални услуги.