Во предвечерието на националниот празник на Франција – 14 јули од страна на тајните служби се спречени напади врз француски воени објекти, јави дописникот на МИА од Париз.
Исламистичките командоси, кои биле неутрализирани во понеделникот, меѓу другото, планирале со мини камера да снимаат обезглавување на висок офицер на француската армија.
Информацијата за спречените напади ја соопшти лично францускиот претседател Франсоа Оланд, за време на синоќешната посета на Марсеј, заедно со неговиот мексикански колега Енрике Пења Нието.
Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казенев, пак, синоќа откри дека осомничените припадници на џихадистичка група биле приведени во понеделникот во раните утрински часови.
Групата била составена од четири мажи на возраст од 16 до 23 години, меѓу кои и поранешен војник на француската Морнарицата. Исламисите биле упасени речиси истовремено на северот на Франција во Рона, Буш-ди-Рона и Ивелин.
Во текот на сослушувањето во просториите на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) во Левалоа-Пере, тие признале, дека сакале да извршат напади и меѓу декември 2015 и јануари 2016 година. Нивната намера била да влезат во воена база во јужниот дел на Франција, да го киднапираат командантот, да го снимат нивниот средновековен чин на обезглавување и потоа снимката да ја објават на социјалните мрежи.
Врз основа на информации на ДГСИ, парискиот јавен обвинител на 23 јуни започнал прелиминарна истрага за „злосторничко здружување со цел да изврши терористички чин“. Главниот организатор е откриен со слдење на неговите активности на социјалните мрежи и како што рече Казенев, со врските со француските џихадисти кои беа уапсени во понеделникот.
Тој, исто така, имал намера да замине за Сирија, поради што бил повикан на „административен разговор“ со преттавници на тајните служби. Со разговори со негови блиски, полицијата идентификувала тројца соучесници, меѓу кои го и поранешниот француски морнар, кој важел за „еден од двајцата лидери на терористичката ќелија“.
Во текот на претресите, иследниците конфискувале компјутери и мобилни телефони, чии содржина се оценти како „многу интересни“.
Извори блиски до истрагата, не укажуваат дали осомничените исламисти биле поврзани со терористичката група Исламска држава во Сирија и Ирак или пак раководени од странство, како што беше случајот со Сид Ахмед Галам, главниот осомничен за спречениот напад врз една црква во Вижуиф во парискиот регион во април годинава.
– Секоја недела, апсиме и спречуваме терористички напади, нагласи Казенев, потврдувајќи ги зборовите на шефот на државата на традиционалното интервју од 14 јули.
Тој нагласи дека апсењата во понеделникот немаат врска со делата што неодамна се случија во делтата на реката Рона, односно со експлозиите во рафинеријата во Бере Етанг во близината на Марсеј и кражбите во воените магацини во Мирамас.
Казенев нагласи дека во моментов околу 1.850 француск државјани или жители на Франција се вклучени во џихадистички мрежи, од кои околу 500 во Сирија и Ирак.
Од друга страна, за речиси 1,5 година, откако е воведен отворен телефон, службите идентификувале 2.500 радикални исламисти, кои сега се предмет на специфични следење.
Францускиот премиер Мануел Валс на 23 април изјави дека од почетокот на годината во Франција биле спречени пет напади.
Со операцијата спроведена во понеделникот, бројот на уапсени во Франција поради поврзаност со џихадистите од 2012 година, па до денес, достигна 326 лица. Меѓу нив 188 се обвинети, од кои 126 се во затвор.