![razbojnistvo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/razbojnistvo.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Синоќа 02,55 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“ во казино „Сенатор“ непознато лице маскирано со закана со пиштол се обидело да изврши разбојништво над вработените.
Имено, лицето побарало пари, а откако вработените му се спротивставиле, истото излегло од објектот и заминало во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.