Обид за убиство, тешка повреда, криумчарење луѓе, се некои од делата на избеганиот затвореник

Затвореникот кој во понеделникот претпладнето успеа да ѝ избега на затворската полиција додека бил превезуван од скопскиот Клинички центар назад во затворот „Идризово“, бил осудуван на 7 години и 7 месеци затвор за повеќе тешки кривични дела.

Во досието на 39-годишниот осуденик Фидан Асани, стои дека тој во 2000 година бил осуден за тешка телесна повреда, додека во 2007-та за убиство во обид. Во 2013 година е осуден за учество во топла која спречувала службено лице при бунтот на затворениците  во „Идризово“, а во 2015 година за загрозување на сигурноста на службено лице и предизвикување на општа опасност. Минатата 2018 година бил осуден за криумчарење мигранти.

Избеганиот затвореник досега одлежал една година и пет месеци затвор во „Идризово“.

Извори од затворот рекле дека чуварите кои денеска од Клиничкиот Центар го пренесувале осуденикот застанале да си купат сендвичи за јадење, а во тој момент тој успеал да избега откако до полициското возило застанало друго возило марка „мерцедес“ и од него излегле неколку непознати лица кои успеале да го земат затвореникот.

Непотврдените информации говорат дека инцидентот се случил во скопската населба Автокоманда,