Обиколницата во Марена и ГП Пуљевац се заборавени ветувања на СДС за Кавадарци

Поминаа повеќе од шест години кога СДС прв пат ги промовираше проектите кои требаше да бидат од врвен приоритет за граѓаните на Кавадарци и Тиквешијата, а тоа беа граничниот премин Пуљевац и заобиколница во Марена. Меѓутоа СДС не би бил СДС доколку се што ветија не излажаа, објави на Фејсбук, Весна Ѓорѓиева, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Кавадарци.

„За граничниот премин Пуљевац се сеќаваме дека барем имаше некоја слика во подкожувието каде што ветуваа дека во првата фаза ќе инвестираат 50 милиони денари, додека заобиколницата од Марена целосно и ја заборавија дека воопшто ја ветуваа во својата изборна програма.

Граничниот премин Пуљевац го најавуваа како пат кон ЕУ и како дел од преспанскиот договор, ама очигледно и тоа е само уште една голема лага и замајување на јавноста од СДС и ДУИ.

Заобиколницата Марена-Југокомерц-Катуниште требаше да биде целосно растоварување на сообраќајот со тешки товарни возила, а со тоа ќе се зголемеше и безбедноста на сообраќајот во градот. Ама ниту тоа го нема. Регионот целосно е заборавен.

Народот е разочаран од оваа ненародна власт и бара промени. Народот бара чесни и одговорни политичари, да тоа што ќе го ветат да почнат да го исполнуваат.

Затоа почитувани граѓани, 24-ти април и 8-ми мај се деновите кога во Македонија мора да започнат промените, а на власт да дојдат политичари со идеја, визија, храброст и кредибилитет.

Време е СДС и ДУИ заедно со нивните лаги и манипулации да ги испратиме на темната страна на историјата на Македонија.

Затоа што никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!“.