Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите го објави списокот со играчи на коишто ќе смета на првенството на Јужна Америка коиешто од 14-ти јуни до 7-ми април ќе се одржи во Бразил.
На списокот се наоѓаат 23 играчи, а листата ја предводи ѕвездата на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Нејмар.
Интересно е што на списокот го нема играчот од средниот ред на Ливерпул, Фабињо, ниту напаѓачот на Тотенхем, Лукас Моура, кои ќе се соочат во финалето на европската Лига на шампионите. Но Тите го повика напаѓачот на Ајакс, Давид Нерес.
„Не беше лесно да се изберат играчите. Никогаш не сум бил во потешка ситуација, со ноќи не спиев и размислував кого да вода“, изјави Тите за бразилските медиуми.
На Копа Америка ќе настапат десет јужноамерикански земји, и гостите Катар и Јапонија. Бразил ќе настапи во Групата А, заедно со Боливија, Венецуела и Перу.
Последните две титули првак на Јужна Американ ги освои Чиле, победувајќи ја во двата финални дуела Аргентина, и тоа по изведување на пеналите.
СПИСОК НА БРАЗИЛ:
ГОЛМАНИ: Алисон (Ливерпул), Касиот (Коринтијанс), Едерсон (Манчестер Сити);
ОДБРАНА: Алекс Сандро (Јувентус), Даниел Алвеш (ПСЖ), Едер Милитао (Порто), Фагнер (Коринтијанс), Филипе Луис (Ателтико Мадрид), Марквињош (ПСЖ), Миранда (Интер) и Тијаго Силва (ПСЖ);
СРЕДЕН РЕД: Алан (Наполи), Артур (Барселона), Каземиро (Реал Мадрид), Фернандињо (Манчестер Сити), Лукаш Пакета (Милан) и Филипе Кутиљо (Барселона);
НАПАД: Давид Нерес (Ајакс), Евертон (Гремио), Габриел Жезус (Манчестер Сити), Нејмар (ПСЖ), Роберто Фирмињо (Ливерпул) и Ричарлисон (Евертон).