Портпаролот на египетската војска објави денеска на официјалниот профил на Фејсбук фотографии од пронајдените предмети и делови од урнатиот авон на компанијата „ИџиптЕр“.
На фотографиите се гледаат делови, седишта и други објекти со сино-бела боја на египетската авиокомпанија, како и жолт елек за спасување.
Египет претходно соопшти дека се пронајдени делови од авионот, личен багаж и делови од човечки тела во Медитеранот околу 290 километри северно од Александрија.
Авиони и бродови од Египет и уште пет земји ја продолжија денеска потрагата во пошироко подрачје на Средоземното Море за да ги пронајдат остатоците од авионот, кој се урна со 66 патници и членови на екипажот.
Тимовите трагаат по остатоците од авионот „Ербас А320“, меѓу кои и црната кутија.