Објавени се критериумите за домашните производители кои ќе можат да учествуваат во проектот за брендирање на македонското слатко.
Ќе биде избрана една компанија од Македонија – производител на слатко за која млади дизајнери од земјава ќе изготват идеен проект за брендирање на производ или серија производи кои компанијата ги има во својот асортиман или планира да ги лансира на пазарот.
За учество во овој проект компаниите треба да имаат седиште, производство и пласман во Република Македонија, да се компанија со доминантен домашен капитал, во својот производствен асортиман да имаат производ – слатко за чие производство користат суровина – овошје од претежно домашно производство и да бидат подготвени да ги имплементираат идејните решенија за новиот бренд со тоа што производот или серијата производи ќе ги направат достапни за потрошувачите преку домашната малопродажна мрежа, како и можност за извоз на странските пазари.
Сите заинтересирани компании може да се пријават до 1 јули 2014 на интернет страната www.bravosine.mk, www.sdw.mk.