Објавено видео од авионската несреќа во која загинаа 15 лица, а едно преживеа

Воен транспортен авион од типот „Boeing 707“ доживеа несреќа поради лошите временски услови во понеделникот западно од иранската престолнина Техеран, при што загинале 15 до 16 луѓе во воздухопловот, објави иранската армија.

Инежерот на летот ги преживеал падот и е префрлен во болнциа, објави армиајта, пренесе службената новинска иранска агенција Fars. Авионот паднал во близина на аеродромот Фатх, недалеку Караџа во централната иранска покраина Алброз, се додава во извештајот.

„Товарниот авион Boeing 707 кој превезувал од Бишкек во Киргистан денеска имаше принудно слетување на аеродромот Фатх …Инженерот на летот е префлрен во болница… Авионот се излизгал во текот на слетувањето и го зафатил оган откако се судрил во ѕид на крајот од пистата“, се наведува во соопштението.

Соопштението на командата на иранската војскла следеше по првичните нејасни вести за тоа кому авионот му припаѓал, и колку луѓе во него имало. Претходно во понеделникот портпаролот на иранското цивилно воздухопловство изјави за државната телевизија дека авионот му припаѓа на Киргистан додека портпаролката на киргистанскиот аеродром Манас реше дека припаѓал на иранската компанија „ Payam Air“.

Државната телевизија објави дека спасувачките екипи се испратени на местото на настанот. На телевизиските снимки се гледаат остатоци од авионот во пламен и густ чад од местото на падот.