Спасувачите извлекоа 16-годишно момче од под урнатините на осумкатницата во Истанбул, по 45 часа по уривањето, изјави во петокот турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, додека бројот на жртвите веќе се искачи на 12 луѓе.
Претходно во четвртокот од остатоците од зградата којашто се урна во средата, по 18 часа беше спасено петггодишно девојченце.
„По 45 часа по уривањето на домот, спасувачите успеаја да извлечат 16-годишно момче“, го цитира Сојлу агенцијата Anadolu. Нема податоци за неговата состојба.
Според градската администрација на Истанбул, најмалку 12 луѓе а уште 13 се повредени во уривањето на осумкатницата во квартот Картал, на азискиот брег од турскиот мегалополис.
Спасувачите продолжуваат со расчистување на остатоците, во што се ангажирани околу 500 припадници на разни оддели. Обвинителството започна истрага за несреќата, а како можна причина за уривањето засега се смета нелегалната надградба од три ката.