Објавил смешна фотографија од ќерката и и’ го спасил животот

Еден татко одлучил на интернет да сподели една фотографија од неговата ќерка по првото бањање, затоа што направила мошне смешен израз на лицето. Тој неможел ниту да сонува дека таа фотографија ќе и’ го спаси животот.

Слично како таткото, поголемиот број од корисниците на Имагур слатко се смееле кога ја виделе фотографијата.

Сепак, еден педијатар на фототграфијата воочил нешто сосема поинакви. Наместо смешниот израз на лицето тој ја забележал бојата на нејзините очиња.

Дали очите и се помалку жолтеникави? Мене така ми делува, но тешко е да се каже, затоа што целата фотографија е помалку жолтеникава. Веројатно не е ништо, но може да биде симптом на неонатална жолтица. Ако кожата и очите и се помалку жолтеникави, можеби би требало да ја однесете на преглед, напишал лекарот.

Таткото го видел овој коментар и кога малку подобро се загледал, видел дека очињата на девојчето навистина се жолтеникави. Ја однел на лекар, каде добила соодветна терапија и сега е совршено здрава.

Инаку, неонаталната жолтица е мошне честа појава кај бебињара, но неопходно е веднаш да се лекува. Доколку не се лекува може да остави сериозни последици на мозокот и потенцијално е смртоносна.