Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови се можни врнежи од дожд.
Утринските температури ќе се движат од минус два до шест степени, а дневните од седум до 14 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 10-от степен.