Облачно со наместа обилни врнежи од дожд, попладне значително заладување и снег

Во саботата во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, со над 25 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен, над 70 километри на час, северен ветер.

Утринските температури се движат во интервалот од 3 до 9, додека соодветно максималните дневни ќе бидат меѓу 3 и 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината е облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината.

Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 7 степени.