Облачно со повремен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд претежно во западните и крајните источни делови. На места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

температура се движи во интервалот од 3 до 7, а максималната од 10 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска времето ќе бие променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Минималната температураќе е околу пет, а максималната ќе достигне до 15 Целиусови степени.

Во среда и четврток ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, а услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Под влијание на нов влажен бран, во петок и сабота ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.