Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и планините, претежно во јужниот дел од земјава, дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер.
Како резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, денеска дневната температура на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со вчерашната.
Минималната температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од 8 до 14 степени.
Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување.