Доколку може да им се верува на спортските обложувалници претставникот на Еременија ќе биде овогодишен победник на Евровизија.
Песната „Not alone“ на Арам МП3 според обложувалниците има најголеми шанса да победи во мај на Изборот за песна на Евровизија што годинава се одржува во Копенхаген, Данска.
Арам Саргсјан има 29 години и се занимава со музика, актерство и стенд ап комедија. Ерменија, инаку, својот најдобар пласман го имаше од 2008 година кога Сирушо во Белград беше четврта.
Во однос на балканските претставници, според обложувалниците, тие ќе се најдат под 25 место. Се предвидува дека македонската претставничка Тијана Дапчевиќ со песната „To the sky“ ќе се најде на 28-то место, Сергеј Цветковиќ кој ќе ја претставува Црна Гора на 26-тото место.
Србија и Хрватска одлучија годинава да не настапуваат на Евровизија.