Обновете ја косата со маска од кефир

Хранливата маска од кефир помага и за отстранување на првутот. Маската на основа на кефир придонесува за зголемување на сјајот и волуменот на косата. Освен тоа, тие се одлично средство за зајакнување, лекување и раст на косата, а можете да ги користите и во домашни услови.

Благодарение на хидратантните и хранливи особености, маската од кефир ќе ја направи косата мека и свиленкаста. Во составот на кефирот има витамини од групите Б и Е, протеини и корисни биокултури. Значи, сето она што е неопходно за убав и здрав изглед на косата.

Во зависност од проблемот со косата што го имате, можете да се одлучите за една од овие три маски:

Маска за погуста коса

Благо стоплете го кефирот и нанесете го на сува коса по целата должина, а посебно внимание посветете на коренот на косата. Измасирајте ја главата, за маската подобро да се впие и да се зајакне циркулацијата на крвта.

Завиткајте ја главата со најлонска кеса и потоа ставете крпа (или капа). Држете ја маската 30 до 40 минути, а потоа измиете ја косата со топла вода и шампон. Оваа процедура можете да ја применувате еднаш до два пати неделно.

Маска за побрз раст на косата