Почитувачите на германската филмска и театарска актерска икона Марлен Дитрих ја одбележаа 25-годишнината од нејзината смрт во саботата, оставајќи цвеќиња на нејзиниот гроб во Берлин,
Многу луѓе оставале во текот на целиот ден на гробот на актерката венци, букети од цвеќиња и свеќи, а некои оставиле и пораки.
Градоначалникот на Берлин, Миаел Милер положил на последното почивалиште на Марлен Дитрих голем венец направен од бели рози и црвени гербери.
Големата американска актерка од германско потекло Марлен Дитрих десет години по смртта беше прогласена за почесна граѓанка на својот роден град Берлин, по гласањето во регионалниот парламент. А во 2010 година актерката стана првата славна личност која ја добие своја ѕвезда на берлинската Улица на славните.
Со овие гестови се сакаше да ѝ се одаде почест на Дитрих и на нејзините заложби како амбасадора на демократската, слободна и хумана Германија, објавија тогаш регионалните советници. Стануваш збор, во првиот случај, всушност за постхумно помирување меѓу актерката и нејзиниот роден град.
Родена во 1901 година, Марлен Дитрих во 1930 година ја напуштила Германија и се преселила во САД, и ги одбивала предлозите на нацистичките власти во татковината кои ја канеле да се врати и да снима германски филмови.
Во текот на Втората светска војна пеела за американските војници. Дури во 1960 година, во рамките на својата европска турнеја, се вратила во Германија, каде што ја славеле но и ја навредувале како предавник на својата татковина.
Одлучила да живее во Париз, каде што и почина на 6 мај 1992 година. Во согласност со нејзината последна желба, погребана е во родниот Берлин на гробиштата во квартот Фиеденау, а на надгробната плоча стои натписот „Почувам тука каде што и пораснав“.
Од јавниот живот се повлекла многу години пред смртта. Останува запаметена по песната „Лили Марлен“, по имиџот на фатална жена, по длабокиот глас, по глумата или по кабаретските настапи.
Нејзиниот живот го одбележува 60-годишната актерска и пејачка кариера во чиј тек доживувала големи подеми и падови, потоа политичкиот ангажман и бројни љубови, кои успевала да ги сочува во тајност.