Обвинет мажот од Росоман кој силувал две деца помали од 14 години

Кавадаречкото обвинителство поднесе обвинение против четириесет и едногодишен маж кој во повеќе наврати силувал две деца  помали од 14 години.

– Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз две деца кои не наполниле 14 години, при што ги сликал со мобилен телефон – информира Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​