Во Кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за случајот „Рекет“ со сослушување на сведоците на Катица Јанева.
Таа предожи 13 сведоци и тоа обвинителите од СЈО Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, , Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.
Првообвинет е Бојан Јовановски за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Зоран Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Освен „Рекет“ и покрај вонредната состојба во земјава предизикана од коронавирусот со одлука на судот продолжуваат и судењата за , „ТНТ“, „Таргет-Тврдина“, „Монструм“, „Титаник 2“, „Титаник 3“, „27 април“, „Транспортер“…