Претставници на Амбасадата на САД во Скопје, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и за спроведување на законите (ИНЛ) при Стејт Департментот донираа преносни компјутери на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, iинформира Обвинителството.
Донацијата е наменета за потребите на истражниот центар во обвинителството и олеснување на неговата работа на терен во време на пандемијата со ковид-19.
– Потребата од нови современи технолошки помагала за спроведување на истражни дејствија е секогаш потребна, особено ако се има предвид дека обвинителството треба да биде неколку чекори пред лицата кои ги гони. Убедена сум дека истражителите и обвинителите максимално ќе го искористат бенефитот од добиената опрема и ефикасно и ефективно ќе ги спроведуваат своите надлежности во прогонот на организираниот криминал и корупцијата – рече шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска.