![hristijan pendikov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/hristijan-pendikov.jpg?resize=696%2C409&ssl=1)
Претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков не добил притвор ниту друга мерка, бидејќи полицијата нашла мало количество дрога велат од обвинителството. За ова кривично дело се уште нема одлука.
Иако за неговиот болнички транспорт до Софија не била побарана согласност од Обвинителството велат Пендиков досега два пати дал свој исказ во постапката и достапен е на органите на прогонот.
„Пријавата се однесува на настан случен на 20 октомври, кога при личен претрес кај пријавениот било констатирано неовластено поседување на наркотична дрога во помали количини – 0,3 грама кокаин. Со оглед на тежината на кривичното дело и другите факти во предметот, надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај не се исполнети законските основи за да побара мерки за обезбедување на осомничениот. По пријавата се постапува и се испитуваат околностите, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Во однос на транспортот на наведеното лице, од јавното обвинителство не беше побарана согласност за негово префрлање во Република Бугарија. Оштетениот до сега два пати даде свој исказ во постапката и достапен е на органите на прогонот. Освен тоа, тој има правен интерес да учествува во постапката. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице“.
Случајот со Пендиков од петокот е главна тема и кај нас и во Бугарија. министерот Бујар Османи во студио 10 на ТВ 24 рече дека мала група на провокатори се обидуваат да ја киднапираат нормалната агенда помеѓу Македонија и Бугарија, А Вчера го посети повредениот во болница во Софија
Свој став околу инцидентот денеска даде и Премиерот Димитар Ковачевски кој смета дека тепачката во Охрид во која е повреден секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ е направена со цел да се застане на патот на Македонија кон Европската унија.
„Ова е класична дистракција, на еден навистина перфиден начин, како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина. Сето ова што се случува има импликации затоа што ова не е утакмица кога играат Пелистер и Вардар, или МЗТ и Работнички. Ова е нашата иднина“, рече Ковачевски.
Секретарот на бугарскиот клуб во Охрид беше претепан на 19ти јануари, а Обвинителството веднаш по инцидентот осомничи едно лице за настанот и побара притвор, но засега нема информација дали има и други осомничени и дали истрагата потврдила дали мотивот за тепачката е политика или сепак лична пресметка меѓу учесниците.