Во врска со написите објавени во медиумите во текот на денешниот ден, Јавното обвинителство ја известува јавноста дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена, објаснуваат од Обвинителството.
Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан.
Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот.