Обвнителите од СЈО ја обрукаа државата затоа што завршија како најголеми криминалци

Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во емисијата „Само интервју“ зборуваше за СЈО и рече дека начинот на кој беа пренесени предметите од СЈО е незаконски како и хонорарите кои беа ислатени исто така се незаконски.

-Никој денеска не се занимава да го постави прашањето истите тие луѓе кои незаконски ги пренесоа тие предмети таму каде што се наоѓаат сега се практично задоволени со 4.6 милиони евра народни пари. Ќе ви кажам зошто се тие пари поделени, за да може некој да врши политички притисок врз тие луѓе, а тие луѓе да можат да вршат политички притисок врз политички неистомисленици затоа што тоа се пари исплатени од буџетот, не се тоа пари исплатени на законски начин и не се тоа исплатен поради некоја донација. Ја обрукаа државата затоа што завршија како најголеми криминалци, затоа што цел свет во нив гледаше алтернатива за правдата, истакна Мицкоски во своето гостување.