Селекторот на македонската ракометна репрезентација успеа да ја добие престижната лиценца “Мастер коуч” што ја дава ЕХФ, со што стана дел од европската тренерска елита.
Хрватскиот тренер е еден од ретките странци што се тренери во француската лига, а сега е тренер во Шамбери и ќе игра во Купот на ЕХФ. Неодамна ја продолжи соработката со РФМ, и ќе ја предводи македонската репрезентација уште една година, односно до јуни 2016 година.
Тој на семинарот во Крагуевац ја бранеше темата “одбрана 3-2-1”. Веќе неколку години ЕХФ организира семинари како дел од РИНК конвенцијата, со цел поголема едукација на тренерите. “Мастер коуч” е највисокото ниво на „тренерско образование”, и ЕХФ за неколку години ќе им “бара” на сите што сакаат да бидат селектори да го имаат ова највисоко образование, и истото ќе важи за било која земја што е потписник на оваа конвенција.
Со ваква “мастер коуч” диплома досега се маат стекнато и Стефче Алушовски и Данило Брестовац, и Зоран Кастратовиќ.