Од 1.002 тестови, нови 55 случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на КОВИД-19. Во Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции. Има 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово,Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431.