Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени се 1.167 тестови, а се регистрирани 86 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2, Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка – по 1. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции.
Има 87 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Битола – 8, Кавадарци – 6, Охрид – 4, Гостивар, Кочани, Струга и Гевгелија – по 2, Ресен, Радовиш и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица од Мој Термин, дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г), во болнички услови, кое е починато на 29.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.043.694 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 311.199, бројот на оздравени пациенти е 301.361, на починати е 9.297, а на активни случаи изнесува 541.