Од 1 јули пониски цени на роамингот

Од 1 јули ќе се намалат роаминг услугуте на земјите од Западен Балкан. Граѓаните од регионов од наредниот месец ќе можат да зборуваат меѓусебно по намалени роаминг услуги за 30 отсто.

Договорот на политичко ниво меѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април. Директорот на АЕК, Сашо Димитровски пред еден месец истакна дека целта е во јули 2021 година роамингот да биде целосно укинат и да се наплаќа услугата како потрошен домашен сообраќај, како што е во Европа.