Од 1 јули во Западен Балкан нема да се наплатува роаминг за разговор на мобилен

Роаминг услугата нема да се наплатува за разговорите на мобилен телефон во земјите на Западен Балкан, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу за Радио Слободна Европа.

Таа нагласи дека тоа ќе значи повеќе пари во буџетот за граѓаните на овие земји, но и за деловните субјекти.

– Граѓаните ќе имаат малку повеќе пари во џебот, оние што би ги потрошиле доколку би плаќале сметки во регионот поради тарифите за роаминг. Второ, мислам дека е важно да се нагласи дека не само што бројот на луѓе кои користат интернет се зголеми, туку ние за време на пандемија сфативме дека времето што го поминуваат луѓето на интернет е зголемено, што исто така дава одредена тежина – изјави Брегу.