Од 20 јуни до 22 август за време на летната туристичка сезона ќе биде воведен директен чартер лет од Скопје до Кипар. Чартер летот ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Balkan Holiday Air“.
– Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија, изјави денеска Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар од Министерството за туризам.
Чартер летот се реализира во соработка со неколку туристички агенции од земјава – ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел.
– Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар, изјави Елизабета Кочева Јосифовска како претставник на туристичките агенции.