Германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ во јули 2019 година ќе престане со производството на автомобилот со највпечатлив дизајн на светот – легендарната „бубачка“, којашто со децении ги привлекува своите поклоници ширум светот.
Германската компаниа порача дека производството ќе заврши во нивната фабрика во Мексико следниот јули, откако ќе биде произведен славеничкиот модел.
„Бубата на „Volkswagen“ ги има своите корени во нацистичка Германија кога е создадена како „народен автомобил“, меѓутоа стана и ѕвезда на филмовите на американските филмски студија „Disney“ за автомобилот наречен „Херби“.
По децении успеси, продажбата последните години паднала, особено на клучниот американски пазар, бидејќи американските потрошувачи сé почесто се свртуваат кон поголемите автомобили. Компанијата „Volkswagen“, инаки во првите осум месеци од оваа 2018 година продала 11.151 буба“, што е за 2,2 отсто помалку отколку во споредба со истиот лански период.
Исто така, „Volkswagen“, по скандалот со мамењето околу емисијата на штетните гасови на неговите возила на дизел погон и огромната инвестиција во електричните возила, ќе го намали распонот на своите модели, и ќе се фокусира на семејните и електричните автомобили. Од компанијата соопштија дека последните модели на „буба“-та ќе бидат достапни во стилот купе и кабриолер.
„Губењето на буба-та по три генерации, по речиси седум децении, ќе предизвика низа емоции кај многуте обожаватели“, изјави Хенрих Вебкен, извршниот директор на американската „Volkswagen“ групација.
Овој автомобил изворно во 1930 година го дизајнирал легендарниот инженер Фердинанд Порше чие име денес се поврзано со спортските возила под истоимениот бренд, а по налог на Адолф Хитлер, кој сакал евтин и практичен автомобил за масовно производство и широко достапен за германскиот народ. Меѓутоа, избувнувањето на Втората светска војна го запрела производството, фабриката е тешко оштетена во сојузничките бомбардирања и окупирана како и целата Германија.
Производството се зголемило во доцните четириесетти години од минатиот век, а до 1955 година на германските патишта имало милион вакви автомобили. Дизјанот се здоби со меѓународна слава и популарност во 1960-те и 1970-те години, во филновите со „Херби“, тркачки автомобил кој размислува со сопствена глава. Беше популарен и во супкултурните струења во шеесеттите години, кои ги фалеа малите, практични но и естетските квалитети на „буба“-та.
Производството на „буба“ беше прекинувано, па повторно заживувано во неколку наврати во текот на изминатите седум декади. Редизајнираната „нова буба“ од 1990-те години доживеа процут на американскиот пазар, каде што само во текот на 1999 година се продадени 80.000 од овие возила.
Компанијата последните години ја разгледуваше можноста за модернизација и електрични верзии на „буба“-та, но решија да го прекинат производството. Сепак, Вобкен целосно не ја исклучува можноста моделот еден дена да „воскресне“, велејчи „никогош не вели никогаш“.