Во центрите за имунизација од април ќе бидат воведени нови задолжителни вакцини за бебињата. Станува збор за вакцините против пневмококна бактерија и рота вируси.
Според информациите од Министерството за здраство постапката за јавна набавка е во тек, а во Македонија овие вакцини ќе бидат дел од задолжителниот календар за имунизација од април, оваа година. Според Календарот, децата на возраст од 1 година треба да ги примаат овие вакцини.
Лекарите се убедени дека додавањето на овие две вакцини во календарот за имунизирање е во интерес на малите деца бидејќи и двете заболувања предизвикувале сериозни компликации до 5 годишна возраст. Педијатрите сметаат дека со овие вакцини ќе има само бенефит, бидејќи имунизацијата е причина за искоренување на голем број опасни заболувања.
Пневмококната вакцина е со три дози и една ревакцинација а рота вакцината ќе има две или три боцкања.