Владите на земјите членки на Европската унија ќе ја плаќаат отштетата која ги надминува лимитот договорен со фармацевтската компанија „AstraZeneca“ поради можните последници од нејзината потенцијална вакцина против Covid-19, според одредбите од договорот со оваа компанија кој се разликува од договорот со компанијата „Sanofi“, изјавил европски функционер за Reuters.
Договорот е одраз на различните стратегии на овие водечки светски производители на лекови, кога станува збор за одговорност за можните последици од вакцината со кои сака да се стави што поскоро крај на пандемијата на коронавирусот.
Британско-шведска компанија „AstraZeneca“ во тајниот договор добила поддршка од Европската унија, бидејќи барала пониска цена за нејзината потенцијална вакцина, рекол неименуваниот функционер на ЕУ.
„Доколку компанијата бара повисока цена, не даваме еднакви услови“, рекол функционерот кој учествувал во преговорите, но не сакал да биде именуван образложувајќи дека договорите се тајни.
Неочекуваните нуспојав откако некој лек ќе добие конечно одобрување од регулаторите се вообичаено ретки, но поради брзината со којашто се развиваат вакцините против Covdi-19 ризиците се поголеми.
Договорот со „ AstraZeneca“, со кој се префрла дел од ризикот од нуспојавите предизвикани од нејзината вакцина се префрла на даночните обврзници, договорен е со Европската комисија во август, но одредбите за одговорнсота досега не беа познати за јавнсота.
Според договорот, „ AstraZeneca“ би ги платиле судските трошоци само до одреден лимит, рекол функционерот. Не сакал да каже како остатокот од трошоците ќе се споделува со поедините држави членки, ниту колку ќе изнесува лимитот. Таканаречениот „финансиски штит“ ќе ги покрива и судските трошоци и можната отштета, потенцијално е далеку поголем изност во случај нешто да оди лошо.
Француската фармацевтска компанија „Sanofi“, која во развојот на вакцината соработува со американската „ GlaxoSmithKline“, не успеала да договори такви услови, бидејќи побарала повисока цена.
Портпаролите на „AstraZeneca“, на „Sanofi“ и на Европската комисија не сакале за Reuters не сакале да ги коментираат поединостите од споменатиот договор.
На прашањето во врска со релативно ниските цени на вакцината, портпаролот на „AstraZeneca“ го повторил ветувањето на компанијата дека нејзината вакцина ќе биде широко достапна и дека во време на пандемијата на неа не планира да оствари профит.
Според договорот со оваа компанија, државите членки на ЕУ се согласиле да платат 2,5 евра по доза, додека „Sanofi“ договорила цена од околу 10 евра, рекол цитираниот европски функционер. Тоа водедно се и засега единствените договори за вакцина против Covid-19 кои ЕУ ги склучи.
Тесна дефиниција на нуспојавите
Врз основа на договорите, ЕУ исто така уплатила неповратен влог од 336 милиони евра на „AstraZeneca“ за 400 милиони дози, и 324 милиони евра на „Sanofi“ за 300 милиони дози.
Европскиот функционер за Reuters рекол дека договорот со „AstraZeneca“ вклучува тесна дефиниција на нуспојавите, што би можело да ја ограничи можноста за поднесување барање за отштета, иако компанијата и надаму ја понесува одговорноста за својата вакцина и е должна да ја брани на судот.
Договорот е постигна пред компанијата „AstraZeneca“ да ги сопре по вторпат клиничките испитувања во доцната фаза од испитувањето на својата потенцијална вакцина на почетокот на септември, откако волонтер во Велика Британија развил некои невролошки симптоми. Испитувањато во меѓувреме во Британија и Русија продолжија, но во САД и натаму се запрени.
Владите на земјите членки на ЕУ би ги споделиле трошоците за отштета само доколку се појават неочекувани нуспојави откако вакцината ќе биде одобрена.
Одговорноста за вакцината е клучното прашање во преговорите со произведувачите на вакцината против Covid-19, бидејќи компаниите стравуваат дека ризикуваат повеќе судски трошоци, отколку кога развојот на вакцината трае многу подолго.
Произведувачите на лекови ги повикале европските реуглатори да воспостават европска шема за отштета, додека организациите на пациентите и потрошувачите бараат фонд на ЕУ со кој би се финансирале фармацевтските компании и кој би ги испалтувал отштетите за неочекуваните нуспојави.
Европските закони се многу строги и тужителите мора да ја докажат поврзаноста на болеста и вакцината која наводно ја предизвикала.
САД ги ослободија произведувачите од одговорноста за вакцината против Covid-19 кои го добиваат регулаторното одобрување. Русија, пак, соопшти дека ќе ја преземе одговорноста за вакцината која ја разви московскиот Гамалеев институт, доколку се појават проблеми.