Двајца министри во владата на Малави и уште двајца други високи политички функционери починаа во вторникот од компликации предизвикани од Covid-19, соопшти владата.
Министерот за локални работи Лонгсон Береканјама и министерот за сообраќај Сидик Миа ѝ подлегнале на болеста рано утрото, појасни портпаролот на владата на Малави.
Станува збор за високи функционери на Конгресната партија на Малави (MCP), главниот партнер во коалицијата која во вториот круг од изборите ланскиот јуни од власт го симна Петер Мутарика и го донесе до победата претседателот Лазарус Чаквера.
Минстерот Миа важеше како најверојатен наследник на Чаквера на претседатеслската должност.
На состанокот со претедателот Чаквера на 21-ви декември присуствувал 31 член на владата, а следниот ден министерот за труд Кен Кандодо објави дека е заразен со коронавирусот. Тој добро закрепна, додека друг министер Рашид Гафар во моментов е во самоизолација.
Во текот на божикните празници според Грегоријанскиот календар, министерот Миа и членовите на владата учествувале на повеќе собири, на еден погреб и на молитва.
Од Covid-19 починале и поранешниот гувернер на Централната банка на Малави, Франсис Перекамојо и државниот секретар во министерството за информирање Ернест Кантчентче.
Досега во Малави се потврдени 9.027 случаи на зараза со коронавирусот, а починале 234 луѓе.