Од денес до сабота посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од денеска до 23.04.2022 година ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Мерките ќе бидат преземени поради официјалната посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левитс.

За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.