Од денеска автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по нов возен ред

Јавниот превоз од денеска ќе сообраќа до 23 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Последните термини на поаѓање пред 23 часот како и останатиот возен ред, до наведените последни термини, е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје. Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат вообичаено.

Посочениот режим, како што велат од ЈСП, е согласно последната одлука на Влада на Република Македонија, за забрана за движење на населението од 23 до 5 часот.

По препорака на Комисијата за заразни болести, поради намалување на новозаболените во земјава, Владата донесе одлука наместо од 21:00 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23:00 и да трае до 05:00 часот.

На вчерашната седница Владата донесе одлука и за измена на работно време на угостителските објекти, односно од денеска тие ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.