Од денеска важат нови правила за влез во Словенија

Во Словенија денеска стапија на сила неколку измени на Уредбата за мерки за спречување на ширење на коронавирусот, со кои, меѓу другото, се скрати времетраењето на карантинот и важноста на тестовите, но и се намали бројот на патници во јавниот превоз.

Според новите правила, за да се избегне карантин при влез во Словенија, патниците кои се вакцинирани или се заразиле со вирусот ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или брз тест не постар од 24 часа, пишува Танјуг. .

Исто така, карантинот утврден на граница може да биде прекинат со негативни ПЦР тестови најмалку пет дена по пристигнувањето.