Од денеска влез во Албанија само за вакцинирани, прележани или со негативен тест

Од денеска, во Албанија стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација.

При влегување, потребно е да се покаже сертификатот за вакцинација, со поминати најмалку две недели од целосната вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или да се покаже потврда за прележан коронавирус.

Овие правила важат и за патниците што транзитираат низ Албанија, додека само децата до шест години се ослободени од тоа.

Граѓаните на Албанија кои немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, мора да бидат ставени во карантин десет дена. Во Албанија, исто така, во сила е полициски час од 23 часот до 6 часот наутро.