Саудиска Арабија за прв пат во својата историја ќе биде домаќин на Формула 1 идната година со ноќна трка низ улиците на вториот град по големина во државата, Џеда, соопштија попладнево организаторите.
Трката, која би требало да се вози во ноември, ќе биде трета на Блискиот исток, покрај Бахреин Абу Даби, во календарот за 2021.
„Саудиска Арабија е држава, која забрзано станува средиште на спорот и забавата со многу големи настани во последните години и исклучително многу се радуваме дека ќе биде домаќин на Формула 1 од следната сезона“, иззави претседателот на Ф1 Чејс Кери.